ОБРЕДОТ КУРБАН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ВРЗ НЕГОВАТА АКТУЕЛНА СОСТОЈБА

THE RITUAL KURBAN AMONG THE MACEDONIANS AND THE INFLUENCE OF CHRISTIANITY AND THE MACEDONIAN ORTHODOX CHURCH-OHRID ARCHBISHOPRIC ON HIS CURRENT SITUATION

  • Владимир Боцев Музеј на Македонија – Скопје
Keywords: обред, курбан, Македонци, црква, влијание, крвна жртва

Abstract

Рани податоци за овие обреди сретнуваме кај византискиот историчар Прокопиј Цезарејски во делото За готската војна,кај германскиoт свештеник и историчар Хелмолд во неговата Хроникон Славорум и во еден пенитенцијален зборник, датиран од 13 до 14 век. Многу значаен пишан споменик којшто се однесува на жртвопринесувањето е книгата Огледало на македонскиот православен свештеник и македонски просветител и преродбеник од почетокот на 19 век, Кирил Пејчиновиќ.
Црквата уште од дамнина, може да се каже уште од своето формирање, настојувала да го отстрани жртвувањето на крвни жртви затоа што тоа е спротивно на евангелската традиција. Распнувањето на Исус Христос и неговата крв, според црквата, ја замениле крвната жртва, така што канонското христијанство ја признава само бескрвната жртва, евхаристијата.
Иако жртвопринесувањето низ вековите на неговото егзистирање било под силен притисок да се напушти, особено од христијанската црква, во социјалистичкиот период од власта и во последно време од „нивелаторските дејствија на цивилизацијата“, тоа не исчезна од традиционалната култура на Македонците, туку напротив, зазема важна улога во нивниот религиозен живот, а во последно време сè позначаен е и во нивниот световен живот, односно има големо општествено значење.

 

SUMMARY 

The ritual kurban is among the most widely practised rites within Macedonians. The rite that involves blood sacrifice is associated with the Pre-Christian religious system and it was adopted by Christians, having been transferred till the present day. Since long time ago, one could say, from the time of its formation, the Church has been trying to eliminate making blood sacrifices, since it is against the Evangelic tradition. Although the tradition of making sacrifice has been under strong pressure for centuries, especially by the Christian Church, it has not disappeared from the traditional culture of Macedonians. On the contrary, it plays significant role in their religious life and lately also in their secular life, having acquired major societal importance.

Published
2018-12-29
Section
ARTICLES / ПРИЛОЗИ