ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ЛЕКСИКА КАКО СИНТЕЗА ПОМЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ, ВО “РЕЧНИКОТ НА ЈАНАКИ СТРЕЗОВ, ВТОРА

SUMMARY: THE INTERNATIONAL LEXIS AS A SYNTESIS BETWEEN THE EAST AND THE WEST SHOWN IN “JANAKI STREZOV’S DICTIONARY, SECOND HALF OF THE 19TH CENTURY”

  • Виолета Крстеска ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп
Keywords: глосар, балкански јазици, латинизми, грцизми, турцизми, нормираност, лексика, интернационализми, Речник

Abstract

“Речникот на странски зборови и изрази од Јанаки Стрезов, втора половина на 19 век” е прв македонски глосар кој претставува типичен пример за најбрзите развојни влијанија во лексичкиот корпус на еден јазик. Имено, покрај научно потврдениот факт дека македонските средновековни текстови претставуваат незаменлива основа за истражување на лексичкиот и зборообразувачкиот систем на црковнословенскиот јазик, воопшто, македонската лексика на ракописните текстови од периодот на 19 век, укажува и на еден друг “западнотрендовски“ јазично-културолошки момент – незванично и спонтано формирање на т.н. меѓународна лексика или интернационален лексички слој, кој со своја автентична динамика “сериозно “ се инкорпорира во целокупната и разновиднотематска граѓа, создавана на македонскиот простор. Тоа афирмативно го покажува актуелниов Речник за кој станува збор во статијава. Речникот содржи 5993 интернационални лексички единици од кои 2356 имаат своја етимолошка одредница.

 

SUMMARY

The period of the 19th century was marked by a massive entrance of the international lexical movements from the neighboring Balkan countries, eastern and western countries, from all around the world. One of the most prominent representatives of this cultural and linguistic trend is “Janaki Strezov’s Dictionary” dated from the second half of the 19th century. The dictionary is written by hand in cursive letters, it is in Macedonian-Ohrid dialect and it contains 5993 foreign lexical units, 2356 of which have descriptions/explanations with etymology as a background. The dictionary as a whole is consisted of words from different aspects of life such as: medicine, botanic, agriculture, linguistics, folklore, history, zoology, ethnology and etc.

Published
2018-12-29
Section
ARTICLES / ПРИЛОЗИ