СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

SUMMARY: A DOCUMENT – TESTIMONY BY NIKOLA HERCIGONJA ABOUT THE NATIONAL ASSIMILATION OF THE MACEDONIANS BETWEEN THE TWO WORLD WARS

  • Васил Ѓоргиев-Ликин НУ Завод и музеј - Струмица

Abstract

Во прилогот се проследува содржината на едно писмо (документ-сведоштво) од хрватскиот композитор Никола Херцигоња испратено до вработените во музичкото училиште “Боро Џони” во Струмица. Писмото-документ содржи сведоштво за националната асимилација на Македонците и забраната јавно да се употребува името Македонија, Македонци, македонски јазик и сл., грубо спроведувана од ненародниот режим во Кралството Југославија во чиј состав, во периодот меѓу двете светски војни, влегувала денешна Република Македонија. Овој документ - сведоштво е мошне актуелен и денес, ако се има предвид фактот дека од некои балкански и европски центри на моќ сè уште се забранува употребата на имињата: Македонија, Македонци, македонски, македонски јазик и сл. со што директно се загрозуваат основните човекови права на Македонците, пропишани со актите донесени од страна на Организацијата на Обединетите Нации, чијшто основоположник, меѓу другите, е и Македонската држава (како рамноправна членка на Југословенската федерација). На граѓаните на Република Македонија од земјите членки на Европската Унија им се ускратува правото да се декларираат како Македонци со македонска национална свест, јазик, култура и идентитет, а својата земја да ја именуваат Македонија - име коешто претставува симбол на македонската културно-историска и цивилизациска меморија.

 

SUMMARY

The letter-document (memories) by Nikola Hercigonja is a testimony about the national assimilation of the Macedonians and the prohibition to publicly use the name of Macedonia, Macedonians, Macedonian language etc., fiercely conducted by the treacherous regime in the Kingdom of Yugoslavia within whose territory also entered today’s Republic of Macedonia. This document – testimony is current even today. In favor of this claim goes the knowledge that some Balkan and European centers still, even in the 21st century, forbid the use of the names: Macedonia, Macedonians, Macedonian, Macedonian language etc. This is a direct violation of the fundamental human rights of the Macedonians guaranteed by the acts brought by the Organization of the United Nations in which is prescribed the right to freely, not obstructed by anyone, declare themselves as Macedonians with a Macedonian national consciousness, language, culture and identity and to name their country Macedonia.

Published
2018-12-29
Section
ARTICLES / ПРИЛОЗИ