ЧУДОТВОРНОСТА НА МАНАСТИРОТ СВ. МАРЕНА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА С. Л’НГА, НА ПЛАНИНАТА МОКРА НАД ПОДГРАДЕЦ, Р АЛБАНИЈА

SUMMARY: MIRACULOUS POWERS OF THE “ST. MARENA” MONASTERY CLOSE TO THE VILLAGE OF L’NGA ON THE MOKRA MOUNTAIN OVERLOOKING POGRADEC, ALBANIA

  • Ели Луческа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

Abstract

Култот на св. Марена/Марина (во лат. превод св. Маргарита), маченица од антиохиската област Писидија, е широко распространет во целиот христијански свет, потврден со бројни светилишта и ликовни претстави, кој од Исток се шири на Запад во текот на средниот век. Црковните и народните преданија споменуваат низа локалитети кои се доведуваат во врска со нејзиното мачеништво и чудата кои ги извршува. Едно такво светилиште е манастирот „Св. Марена“ во непосредна близина на с. Л’нга (алб. Llëngë), на планината Мокра над Подградец, Р Албанија. Исклучителната популарност на овој манастир се поврзува со неговата чудотворност која произлегла од чувањето на делови од нејзините мошти, кои денес се исчезнати, од една страна, и со чудотворната икона на која е претставена светителката и која денес се чува во Националниот музеј за средновековна уметност во Корча, од друга страна. Почитувањето на манастирската заштитничка, низ заемното дејство на христијанството и фолклорот, создало соодветна култна традиција, остварена како официјална (канонска) и неофицијална (народна), односно своеобразен културен модел, почитуван како од православните така и од муслиманските верници со различна етничка припадност: Македонци, Албанци, Власи и Роми како дел од една поголема религиозно-регионална култура.

 

SUMMARY

The monastery of St.Marena near the village of Llenge at the Mokra Mountain near Pogradec, Republic of Albania came to be an important sacramental center, not only through history but also in the present days-having into consideration the fact that the pilgrimages there have risen in intensity. The intensity of pilgrimages during the communist era was rather slower-because of the negative attitude of the totalitarian regimes about religion-nevertheless, today the interest is obvious in both confessions-Muslim and Christian in the region of south-eastern Albania and south-western Macedonia, which has been an important characteristic of the existence of the monastery through the history. Still, it is not just that. Macedonian and Albanian modern societies face a downfall of the human values, such as mutual respect, so the monastery in Llenge and the miraculous powers of the old Christian martyr, Marena, plays the role of a uniting and stimulating factor of healing-a role that the nearby monastery of St.Naum has had, together with many other smaller monasteries in its vicinity. That means that through the religious dialogues about the religious and cultural similarities, contribution has been made toward continuous development of the traditional knowledge that passes over local borders into wider regional discourse helping to consolidate the inter-relationships from all points of view-social, economical, religious-without being anyhow deprived from the feeling that the unity of orthodox Christians exists beyond the state borders.

Published
2018-12-29
Section
ARTICLES / ПРИЛОЗИ