АРХЕОЛОШКИ И ИСТОРИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА СТРУМИЧКАТА ТВРДИНА „ЦАРЕВИ КУЛИ“ ОД ВРЕМЕТО НА ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM20491-2095rКлучни зборови:
Цареви Кули, Струмица, османлиски период, средновековна крепостАпстракт
Еднодецениските археолошки истражувања на локалитетот Цареви Кули - Струмица покажаа дека со доаѓањето на Османлиите се случуваат одредени промени на средновековната крепосш. Се чини дека дел од oбјектите, во рамките на средновековната тврдина, се срушени, дел од нив преадаптирани, а подигнати се и сосема нови. Ова зборува во прилог на мислењето дека во почетокот на доцното средновековие внатрешноста на тврдината била ремоделирана со додавање нови содржини.
Долгогодишните археолошки истражувања покажаа дека на југоисточното плато се подигнати два oбјекти кои припаѓаат на османлискиот период. Се работи за остатоци од o6jeкти со правоаголна основа кои нajeвepojaтно претставуваат куќи за домување на посадата на тврдината. Слична е ситуацијата на северозападното плато кaдe бележиме повеќе структури поврзани со градежните активности на Османлиите. На повекето позиции низ северозападното плато, северниот дел од тврдината, како и централното плато се гледаат слоеви од овој период во кои беше прона]ден богат движен материјал од османлискиот период.
Сето ова зборува дека бранетиот простор на средновековната крепост Цареви Кули - Струмица, во помал или поголем обем, бил користен се go XVII век. Со напуштањето на тврдината, некaдe при кpajoт на XVII век, се чини дека и преостанатите објекти на крепоста почнале постепено да се рушат. По ова време, крепоста Цареви Кули - Струмица постанала мајдан на градежни сировини кои градското население ги користело за изградба на своите објекти во Струмица.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2020 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.