МИГРАЦИСКИТЕ ДВИЖЕЊА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД МАЛА ПРЕСПА И ГОЛО БРДО ВО И НАДВОР ОД АЛБАНИJА - СОВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ

Автори

  • Мери Стојанова Институт и музеј - Битола

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM1540-44129s

Клучни зборови:

migration, Mala Prespa, Golo Brdo, Macedonia, Albania

Апстракт

Темелеjќи се на презентираните податоци може да се заклучи дека миграциските движења на македонската популација од Мала Преспа и Голо Брдо се гледани само во контекст на три различни историски и политички периоди, пред 1948, помеѓу 1948-1991 и после 1991.

Додека првиот период се карактеризира со индивидуална миграција насочена кон поголемите центри во Турската Империја, вториот период од миграцијата се карактеризира со групна, внатрешна миграција од руралните кон урбани средини во рамки на територија на Албанка, како за популацијата на Мала Преспа така и за популацијата од Голо Брдо. Оваа ситуација е поврзана со политичките случувања во Албаниjа за време на строгиот режим.

Третиот миграциски период (по 1991 год.) се карактеризира со индивидуална миграција на почетокот но, низ времето, ситуацијата се менува и групната миграција е скоро рамномерно присутна. И двете миграциски движења главно се перципираат како надворешни миграции, насочени кон различни држави и континенти.

Иако секој од разгледаните периоди си има свои специфичности коишто придонесле за миграциjата, сепак може да се заклучи дека тие се континуирани и придонесуваат за депопулација на посочените региони, што во долг период ке предизвика социjални, културни, економски и други последици.

Преземања

Објавено

2022-12-14

Како да се цитира

Стојанова M. (2022). МИГРАЦИСКИТЕ ДВИЖЕЊА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД МАЛА ПРЕСПА И ГОЛО БРДО ВО И НАДВОР ОД АЛБАНИJА - СОВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ. BALCANOSLAVICA, 129–136. https://doi.org/10.58301/BM1540-44129s

Издание

Секција

Прилози