ОБРЕДОТ КУРБАН KAJ МАКЕДОНЦИТЕ И ВЛИЈАНИЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ВРЗ НЕГОВАТА АКТУЕЛНА СОСТОJБA
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM18471167bКлучни зборови:
обред, курбан, Македонци, црква, влијание, крвна жртваАпстракт
Рани подаТоци за овие обреди сретнуваме кај византискиот историчар Прокопиј Цезарески во делото За готската војна, кај германскиот свештеник и историчар Хелмолд во неговата Хроникон Славорум и во еден пенитенцијален зборник, датиран од 13 до 14 век. Многу значаен пишан споменик кој што се однесува на жртвопринесуването е книгата Огледало на македонскиот Православен свештеник и македонски просветител и преродбеник од почетокот на 19 век, Кирил Пејчиновиќ.
Црквата уште оддамнина, може да се каже уште од своето формирање, настојувала да го отстрани жртвуването на крвни жртви затоа што тоа е спротивно на евангелската традиција. Распнувањето на Исус Христос и неговата крв, според црквата, ја замениле крвната жртва, така што канонското христијанство ја признава само бескрвната жртва, евхаристијата.
Иако жршвопринесувањето низ вековите на неговото егзистирање било под силен притисок да се напушти, особено од христијанската црква, во социјалистичкиот период од власта и во последно време од „нивелаторските дејствија на цивилизацијата“, тоа не исчезна од традиционалната култура на Македонците, туку напротив, зазема важна улога во нивниот религиозен живот, а во последно време се позначаен е и во нивниот световен живот, односно има големо општествено значење.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.