ОТАДЕ СТЕРЕОТИПИТЕ: ЗА СТИЛСКАТА РАЗНООБРАЗНОСТ НА ВИЗАНТИСКАТА УМЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД XI ДО XIV ВЕК

Автори

  • Aнета Серафимова

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM1037-3917s

Апстракт

Нашите анализи се фокусирани на стилските аспекти на избрани сликарски ансамбли од македонската средновековна ризница, кои имаат корифејно место во источнохристијанската уметност во целина. Во анализите ја применуваме интернационалната технологија во именувањето на стиловите, при што ги користиме нивните целосни енциклопедиски дефиниции. Овој методолошки пристап резултира со препознавање на примери на автентичен византиски надреализам, хуманизам и барокизиран маниризам, ренесанса, кубизам и експресионизам. Оттука, овој труд е прилог кон потенцирањето на cтилската разнообразност и развојност на византиската уметност наспроти стереотипите за нејзиното поимање како
безживотна, шаблонизирана и нееволутивна, поставена изолирано и некомуникативна со/за останатиот свет. Имено, ослободувајќи се од истегите" на ригидната византолошка терминолошка номенклатура која е една од причините за нејзиниот изолиран третман, нашите анализи целат кон потенцирање на европскиот контекст на врвните византиски ликовни креации. Зборот/епитетот византиски е нужниот предзнак и заеднички именител на препознаените стилски одредници, кои своите западноевропски вариетети ќе ги добијат многу подоцна како доминантни стилски квалификативи во различни eпoxи.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Серафимова A. (2025). ОТАДЕ СТЕРЕОТИПИТЕ: ЗА СТИЛСКАТА РАЗНООБРАЗНОСТ НА ВИЗАНТИСКАТА УМЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД XI ДО XIV ВЕК . BALCANOSLAVICA, 17–35. https://doi.org/10.58301/BM1037-3917s

Издание

Секција

Прилози