ПОБРАТИМИ ПО МЛЕКО НА ЧОВЕКОТ. ОБИД ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА СИМБОЛИЧКАТА ФУНКЦИЈА НА МЛЕКОТО ВО ОДНОС НА ТЕОРИЈАТА COMMUNITAS HA ВИКТОР ТАРНЕР
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM0332-3343vКлучни зборови:
млеко, природа-култура, communitas, змев, самовила, солАпстракт
Целта на оваа статија е карактеристиката на посебен контекст , во кој се појавува млекото и со кој се асоцира на симбиотската врска на мајката со детето во раното детство, во бебешкиот период како период на неполно очовечувањe, издвојување на основните вepyвања сврзани со творечката врска на функцијата на млекото и извлекување на неговата симболичка функција врз таа основа. Оваа функција во терминологијата на Виктор Тарнер е одредена како функција на оператор communitas - создавање сакрална заедница. На симболичко ниво млекото дозволува склучување силен сојуз (побратими по млеко) не само помеѓу луѓето туку и помеѓу човекот и природата, човекот и сакрумот, човекот и мртвите предци. Материјалната основа ја сочинуваат творби од различни жанрови на фолклорот, во кои се појавува млекото. Пред се, тоа се приказни за змевови, змии, домашни духови, самовили и за ѓаволи. Беа ползувани фолклорни материјали од разни реrиони на Европа (словенскиот југ , источниот , западниот дел, Скандинавија, британските острови) , поаѓајќи од претпоставката дека симболичката функција на млекото е универзална, барем во рамките на народната култура на индоевропските народи .
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2003 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.