ЗА НОВОТО ДАТИРАЊЕ НА ФРЕСКОРЕПЕРТОАРОТ НА ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА ВО МАТЕЈЧЕ

Автори

  • Елизабета Димитрова ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM200230-3195d

Клучни зборови:

the church of the Holy virgin in Matejče, tzar Dušan, tzarina Elena, king Uroš, patriarch Joanikije, the church of Christ Pantocrator in Dečani

Апстракт

Сликаната декорација на црквата Света Богородица во Матејче, вториот по големина фрескоансамбл на балканската територија од XIV столетие , претставува еден од најзначајните споменици на византиската уметност и се смета за ремек-дело на ликовните тенденции од доцновизантиската епоха. Иако иконографските и стилските карактеристики на овој сликан аранжман уште од почетокот на ХХ век биле предмет на истражувања на многу реномирани научници, проблемот за датирањето на сликаниот репертоар останал долго време во доменот на претпоставките . Уште од времето на првите истражувања на црквата, преземени од Н . Окуњев , а објавени во 1930 година, се до неодамна ансамблот на црквата бил датиран во периодот 1356-1360 година, т . е. во времето по смртта на царот Душан, а во поновите текстови од деведесеттите години на минатиот век се појавува и втората хипотеза, која го сместува настанувањето на фрескодекорацијата на храмот во периодот пред 1346 година, односно во годините пред Душановото крунисување. Врз основа на одредени елементи од ктиторската композиција, пред се поаѓајќи од претставата на српскиот патријарх Јоаникиј (кој столувал во периодот меѓу
1346 и 1354 година) и од карактеристиките на Урошевиот лик од неговиот ктиторски портрет и претставата во рамките на Лозата на српските, грчките и бугарските владетели , како и со споредувањето на возраста на младиот крал на претставите во Матејче и неговиот лик во ктиторските композиции во црквите Христос Пантократор во Дечани (1346-1347) и Свети Архангел Михаил во Лесново (1349), заклучивме дека живописувањето на храмот не можело да почне пред пролетта 1348 година, кога царот Душан со своето семејство се вратил од престојот на Света Гора. На тоа упатува портретираниот лик на кралот Урош во рамките на Лозата со претставата на српските владетели од куќата на Немањиќите и царевите од византиската династија на Комнените и на бугарското семејство на Асените, кој изгледа неколку години постар од ликот на неговиот портрет во
дечанската Немањиќка Лоза, насликана во 1346-1347 година. Истовремено, доколку претставата на кралот Урош со неговите карактеристики од ктиторската композиција во црквата ја одразува неговата вистинска возраст, тогаш таа го прикажува Урош неколку години постар од неговата претстава во лесновската припрата (1349) и содржи одлики на портрет на петнаесетгодишно момче. Тоа би значела дека завршните работи околу осликувањето на црквата не би можеле да ја поминат есента 1352 година, кога, според византиската традиција, завршувала сезоната на живописувањето на храмовите. Земајќи ги предвид веќе наведените елементи од фрескоаранжманот на храмот, дојдовме до заклучок дека сликаната декорација на црквата Света Богородица во Матејче била изведена во периодот меѓу 1348 и 1352 година.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Димитрова E. (2025). ЗА НОВОТО ДАТИРАЊЕ НА ФРЕСКОРЕПЕРТОАРОТ НА ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА ВО МАТЕЈЧЕ. BALCANOSLAVICA, 95–110. https://doi.org/10.58301/BM200230-3195d

Издание

Секција

Прилози