ФЕНОМЕНОТ НА ПОДУНАВСКИТЕ КОЊАНИЦИ

Автори

  • Бошко Ангеловски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM19481-2041a

Клучни зборови:

култ, Подунавски коњаници, Митра, икони, амулети

Апстракт

Почештците на интересот за проучување на т.н. култ на Подунавските коњаници потекнуваат од втората Половина на деветнаесеттиот век и со ненамален интензитет траат до денес.

Поновите истражувања на оваа проблематика се насочени кон идентификација и интерпретација на божествената тријада, идентификација на носителите на култот на просторот на Подунавските Провинции, неговата географска распространетост и просторниот контекст, како и предлозите за нова типологија на иконите.

Нестандардизираната иконографија на култотја наметнува дилемата дали се работи за организиран култ или пак за синкретизам кој во својата основна концепција содржи елементи што кореспондираат со идеjата за победа и спас. Ширењето на култот се доведува во врска со воjската, со оглед дека концептот за живот после смртта бил особено прифатлив, ако се земат во предвид непостоjаноста и секоjдневното соочување со смртта.

Во иконографијата се чувствуваат силни влијанија од култот на Митра, лесно адаптирани, што можеби само ја засилува претпоставката за функцијата на иконите, како единствена потврда во насока на докажување на неговиот концепт.

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Ангеловски, Б. (2022). ФЕНОМЕНОТ НА ПОДУНАВСКИТЕ КОЊАНИЦИ. BALCANOSLAVICA, 48(1, 2), 49–55. https://doi.org/10.58301/BM19481-2041a

Издание

Секција

Прилози