НАРАХ LEGOMENA ВО ТРЕСКАВЕЧКИОТ ЕУХОЛОГИУМ OД XIII BEK

Автори

  • Вангелија Десподова

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM200128-2907d

Клучни зборови:

Еухологиум, лексички особености, Hapax legomena

Апстракт

Веднаш по Синајскиот еухологиум, по своето значење од структурен аспект доаѓа Еухологиумот што во каталогот на Јагелонската библиотека во Краков носи библиотечна ознака бр. 932 и е регистриран како "Codex rescriptus Graeco-Slovenicus". Ракописот потекнува од манастирот Трескавец, поради што во критичкото издание на овој вонредно значаен македонски ракопис што е подготвено во Институтот за старословенска култура, Прилеп, како VI книга од едицијата ,.Македонски средновековни ракописи", го нарековме Трескавечки еухологиум (Треск), иако од досегашните истражувачи тој се нарекува Краковски. Трескавечкиот еухологиум од XIII век нуди вонредно богат лексички материјал . Покрај лексемите што се потврдени во други писмени извори, во Трескавечкиот еухологиум се среќаваат голем број нови лексеми, во кои, секако, спаѓаат и т . н. Нарах legomena (од грч. ἁπαξ; - еднаш и λέγω- зборувам). Овие лексеми не се документирани ниту во големите старословенски речници, ниту во други изданија.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Десподова, В. (2025). НАРАХ LEGOMENA ВО ТРЕСКАВЕЧКИОТ ЕУХОЛОГИУМ OД XIII BEK. BALCANOSLAVICA, 7–25. https://doi.org/10.58301/BM200128-2907d

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)