ИКОНОГРАФСКИТЕ ОСОБЕНОСТИ И ЛИКОВНИТЕ ПАРАЛЕЛИ НА ЛИТУРГИЈАТА НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД МИРСКАТА ЦРКВА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛОТО ЗРЗЕ

Автори

  • Александар Василески Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM21501-2065v

Клучни зборови:

Св. Никола во Зрзе, Литургиска служба на Светите Отци, Исус Христос Агнец, поствизантиска уметност, Онуфриј Аргитис

Апстракт

Апстракт: Предмет на анализа во рамките на овој труд е невообичаеното иконографско решение кое го прикажува св. Василиј Велики како го „раздробува“ Христовото тело, а претставува сегмент од претставата на Литургијата на Светите Отци во црквата Св. Никола во селото Зрзе. Со вклучувањето на невообичаените елементи во рамките на традиционалната иконографска схема на композицијата внесени се бројни теолошки и литургиски референци, кои се однесуваат на обредот на евхаристија сфатен како евокација на Христовата жртва. Ваквото решение е во склоп со карактерот на останатите теми вклучени во сликаната програма во олтарот на зрзевската мирска црква, а во коишто преку низа специфични решенија е направен обид да се визуелизираат конкретни моменти од литургискиот обред, но воедно да се образложат теолошките премиси кои се симболизирани преку богослужбените дејства.

Преземања

Објавено

2023-05-16

Како да се цитира

Василески, А. (2023). ИКОНОГРАФСКИТЕ ОСОБЕНОСТИ И ЛИКОВНИТЕ ПАРАЛЕЛИ НА ЛИТУРГИЈАТА НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ОД МИРСКАТА ЦРКВА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛОТО ЗРЗЕ. BALCANOSLAVICA, 50(1, 2), 65–76. https://doi.org/10.58301/BM21501-2065v

Издание

Секција

Прилози