ЕЛЕМЕНТИ НА КУЛТОТ КОН МЕЧКАТА И ВОЛКОТ ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ТЕКСТИЛНА ОРНАМЕНТИКА

Автори

  • Ангелина Крстева

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM200026-2773k

Клучни зборови:

мечка, волк, орнаменти, „мечкина дира“, „мечкина стапалка“, „в'чката дира“, „в'чката трага“, „лавча“, култ, сплотувачка моќ, заштитна функција, ромб

Апстракт

Предмет на разгледување се орнаментите во македонската народно текстилно творештво поврзани со имињата на мечкат и волкот. Тие се именувани според екстремитетите на овие животни, на нивните шепи или стапки а се застапени најчесто во ромбовидни форми. Присуството на вакви ликовни претстави во текстилот може да се толкува со народните верувања за натприродната сила на мечк а та и волкот, посебно се верувањата за нивната оплодувачка и заштитна моќ. Улогата на магиски симбол на плодноста орнаментот од овој тип ја задржал на невестинската кошула од Мариово, при одредени обредни дејства.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Крстева, А. (2025). ЕЛЕМЕНТИ НА КУЛТОТ КОН МЕЧКАТА И ВОЛКОТ ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ТЕКСТИЛНА ОРНАМЕНТИКА. BALCANOSLAVICA, 73–81. https://doi.org/10.58301/BM200026-2773k

Издание

Секција

Прилози