ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА РЕПЕРТОАРОТ НА ПРИКАЗНИ ВО КРУГОТ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM200026-27111vКлучни зборови:
folk story, folkway, narrative traditionАпстракт
Проучувањето на традицијата на раскажување на приказни и животот на приказната низ вековите и нериното пренесување од едно поколение во друго е едно од нajсубтилните и ceкoгaш актуелно
пpaшaњe во фолклористиката. Во последните педесетина години, во едни светски рамки, се случувале многу важни процеси, кои битна влијаеле во самото постоење на приказната, кое во краен случај во некои културни простори тие воделе кон нејзина исчезнување. Според тоа, во повеќето европски земји таквата судбина на приказната веќе е стварност, а ретки се оние земји каде што навистина еден истражувач
фолклорист може да дојде до вистински народен раскажувач со опширен репертоар. Тоа, секако, е ретка привилегија. Во таква привилегија се уште живеат македонските истражувачи на приказни, иако и кај нас се повеќе се присутни процесите на нејзиното исчезнување. Предмет на истражување во овој труд е процесот на пренесување и прифаќање на репертоарот на приказните на Димо Стенкоски, еден од најпознатите македонски раскажувачи на приказни, од страна на неговиот син Јордан Стенкоски.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2000 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.