ОСАМЕН ЦВЕТЕН ОРНАМЕНТ ВО ЦРКВАТА „СВ.ПЕТАР“, ГОЛЕМ ГРАД

Автори

  • Атанас Атанасоски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

Клучни зборови:

растителна орнаментика, цветен орнамент, Свети Петар, голем град, фрескоживопис, исламска уметност

Апстракт

Приложениот материјал во овој труд, цветен орнамент во црквата Свети Петар на преспанскиот остров Голем Град, е прилог што ги надополнува проучувањата на претходните истражувања од областа на украсните мотиви во фрескоживописот на спомениците во Преспанско-пелагониската епархија од краjот на 12 до 17 век. Овоj орнамент специфичен со неговата наративна изведба, во голема мера се издвоjува од другите прикази наjавуваjќи ја промената во која орнаментите придобиваат jасно изразени локални особености, но видливо е и влијанието на исламската уметност присутно уште во времето пред да завладеат Османлиите со оваа територија. Вкрстувањето на трговијата помегу Истокот и Западот, како и прометот на богато орнаментирани производи, на локалните сликари и занаетчии им обезбедувале широка палета со нови мотиви. Новите политички промени по османлиското освоjување уште повеќе се одразиле врз ликовното творештво и имале пресудна улога при натамошниот интензитет и развоj на орнаменталните мотиви. Во овоj период, особено орнаментиката како дел од фрескоживописот била под силно влијание на исламската уметност, така што често се копирале одредени растителни мотиви со нова линеарна нарација и со побогат колорит.

 

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Атанасоски, А. (2022). ОСАМЕН ЦВЕТЕН ОРНАМЕНТ ВО ЦРКВАТА „СВ.ПЕТАР“, ГОЛЕМ ГРАД. BALCANOSLAVICA, 48(1, 2), 101–108. Retrieved from https://balcanoslavica.mk/index.php/balcanoslavica/article/view/35

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)