ПРОРОЧКИТЕ ФИГУРИ И ЦИТАТИТЕ НА НИВНИТЕ СВИТОЦИ ВО ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО ВАРОШ, КАЈ ПРИЛЕП (СИМБОЛИКА НА НИВНОТО ТОЛКУВАЊЕ)

Автори

  • Петрула Костовска

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM9825159k

Клучни зборови:

Old testamenr priests, kings, prophets, quotation, scroll, eschatological symbolism, iconographic program

Апстракт

Во полуцилиндричниот свод на еднокорабната црква Св. Никола во Варош кај Прилеп се насликани шеснаесет старозаветни ликови. Старозаветните првосвештеници, цареви и пророци се поделени по оската на секој од двата сегмента на сводот. Идентификацијата на овие фигури во цел раст е изведена кај пет фигури според зачуваните сигнатури, делумно според карактеристиките на ликовите, иконографските особености на облеката и зачуваните атрибути, а во најголем број случаи според припадноста на цитатот на нивните свитоци. Движењето на телата, заедно со позицијата на главата и разместеноста на рацете, придонесуваат да се долови впечатокот на композициско единство и ја сугерираат психолошката свесност за Божјата присутност над нив.

Од вкупниот број личности, старозаветните првосвештеници Самоил, Мелхиседек, Арон, Мојсиј и уште еден неидентификуван првосвештеник, заедно со царевите Давид и Соломон, како и пророкот Даниел, всушност оние коишто се насликани во близина на олтарната апсида, преку симболите, коишто претставуваат старозаветна префигурација на Богородица, ја илустрираат Христовата инкарнација.

Царот Манасија, Илија и Елисиј, Захарија помладиот, Јона, Исаија, Јеремиј и еден средновековен неидентификуван пророк се насликани во западната половина на сводот. Длабока есхатолошка симболика се крие во стиховите на нивните пророштва. Два цитата (Јона 1, 1; 1, 2 и Јер. 38, 31) се поврзани со литургијата на Велигден. Еден е читан за време на празнувањето на Педесетницата (Приказ. 51).

Стиховите кои ги држат Илија и Елисиј, како и самите личности, се старозаветна префигурација на Христовото Вознесение. Цитатот на Исаија се поврзува со Второто Пришествие. За останатите три текстови (Приказ. 10, 1 и 15, 20; Зах. 8, 7 и Иса. 1, 19 и 1, 20), и покрај тоа што се читани во литургијата, не можевме да најдеме отворена есхатолошка симболика. Меѓутоа, сосема е можно идните истражувања низ хомелитичката литература да покажат дека овие цитирани стихови или нивната егзегеза се од христолошка природа.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Костовска, П. (2025). ПРОРОЧКИТЕ ФИГУРИ И ЦИТАТИТЕ НА НИВНИТЕ СВИТОЦИ ВО ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО ВАРОШ, КАЈ ПРИЛЕП (СИМБОЛИКА НА НИВНОТО ТОЛКУВАЊЕ). BALCANOSLAVICA, 25, 159–182. https://doi.org/10.58301/BM9825159k

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)