ПЛАСТИЧНАТА ДЕКОРАЦИЈА ВО ЕНТЕРИЕРОТ НА КРИВОПАЛАНЕЧКАТА КУЌА ОД 19 И ПОЧЕТОКОТ НА 20. ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM9716-1843sАпстракт
Одделни примери на кривопаланечките куќи од втората половина на 19. и почетокот на 20. век, каде што е присутна пластичната декорација во ентериерот, не уверуваат дека Крива Паланка ја дополнува сликата на балканско-ориенталните архитектонско-градежни и уметнички структури во Македонија.
Структурално-комуникациската и функционалната анализа на овие дела на народно пластично творештво покажуваат дека украсувашето на кривопланечката куќа главно се искажува во рамките на декоративнита структура II (ДС II) што подразбира користенье на геометриски орнаментално-мотивски материјал од прави и криви линии.
Истражуваньето на особеностите на кривопаланечката кука од ово) период покажува дека настанала како резултат на одредена кул-турно-историска и општествено-економска реалност. Во таа смиела имаме причини да зборуваме за одредени карактеристики на североизточната матерщална култура што се искажува низ народното пластично творештво во дрво, а се распростира сё до средната линија (Крива Паланка, Кратово, Ново Село Штипско, Радовиш, с. Конче, Струмица, Т. Велес). Една од естетските одлики е застапеноста на релативно едноставни форми на декорација со плитка геометриска пластична структура. Можеме да зборуваме и за присуството на одреден степен на архаичност на декорацијата. Најголемиот бpoj на декорирани тавани спаѓаат во групата РАМНИ ТАВАНИ што е во согласност со карактеристиките на пластичната декорација. Присутна е исто така праксата на одбегнување стереотипи, така што на теренот не постоат две идентични ликовни решенија на декоративните тавани.
Дејноста на мајсторите кои ги граделе и украсувале кривопаланечките куќи, убедливо зборува дека овој регион претставува еден од изворите за проучување на градежната традиција во Македонија. Во минатото посебно живо се работел каменоделскиот занает кој денес постепено се губи отстапувајки пред новите градежни материјали.
Еден од показателите на развиената градителска традиција е сеуште живиот таен ѕидарски јазик, т.н. „форнички говор“.
Сознанијата од истражувањето на кривопаланечката куќа, зборуваат во прилог на тезата за контаминација на старобалкански, словенски и источни и западни влијанија на нашиот терен. Една од карактеристиките на македонската балканско-ориентална куќа е таа што покрај заедничките стилски карактеристики успева да развие ред специфични вредности во градбата и украсувањето. Оваа особина на одбегнување на суви стереотипи ја потврдува и примерот на кривопаланечката куќа што со своите живи архитектонско-градежни и пластично-декоративни вредности претставува уште едно богатство во материјалната и духовната култура на Македонија од овој период.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 1997 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.