НЕКРОПОЛИТЕ ОД МАРКОВИ КУЛИ, ВАРОШ-АРХЕОЛОШКО СВЕДОШТВО ЗА ГРАДОТ ПРИЛЕП

Автори

  • Елица Манева Филозофски факултет (УКИМ) - Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM18472161m

Клучни зборови:

Маркови кули, Варош-Прилеп, некрополи

Апстракт

Втората Половина на ХХ век, речиси целосно беше во знак на големите археолошки и конзерваторски работи на локалитетот Маркови Кули, Варош - Прилеп. Паралелно со населбинските и сакрални археолошки ископувања беа откриени и броjни поединечни гробови и делови од повеке некрополи. Карактеристичните гробни форми и прилози (меѓу кои доминираат накитот и монетите, поретко утилитарните предмети, оружје и сл.), честото лоцирање околу средновековните цркви и забележливиот континуитет на употреба, некогаш и до почетоците на ХХ век, се наjвпечатливите особини на овие дестинации. Фунерарната археологија со феноменот на „затворени, Гробни целини“ и антрополошки анализи овозможува да се осознаат многу померодавни податоци за времето и културата на кои им припаѓаат. Навракањето на оваа проблематика е поттик за натамошни, не само кабинетски туку и теренски дополнителни истражувања.

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Манева, Е. (2022). НЕКРОПОЛИТЕ ОД МАРКОВИ КУЛИ, ВАРОШ-АРХЕОЛОШКО СВЕДОШТВО ЗА ГРАДОТ ПРИЛЕП. BALCANOSLAVICA, 47(2), 161–177. https://doi.org/10.58301/BM18472161m

Издание

Секција

Прилози