МАРТИНКИТЕ КАКО СИМБОЛ НА ДОАЃАЊЕТО НА ПРОЛЕТТА

Автори

  • Зоранчо Малинов Институт за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM1540-44109m

Клучни зборови:

мартинки, обичај, амајлија, симболика, пролет

Апстракт

Обичаjот на изработување мартинки од усукани конци најчесто од црвена и бела боја, се поврзува со почетокот на месецот март - први март, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден, Летник и сл. Покраj вообичаеното народно толкување, дека мартинките се носат за здравjе и среќа во текот на претстоjната година/лето, постои толкување и дека тие се носат „за од змии", т.е. луѓето да немаат проблеми со змиите преку летото. Вообичаено, мартинките се носат неколку денови во текот на месецот март и најчесто времетраењето на носењето на овие своевидни амаjлии за заштита на луѓето од зло, несреќа и разни невољи, односно да им донесе здравје и среќа (к`  смет), зависи од доаѓањето на преселните птици од југ. Имено, според едно толкување, мартинките се носат се додека не се здогледа првата ластовичка или штрк кога, според обредната пракса, мартинката се симнува од раката и се става под камен. Според друго толкување, пак, тие се оставаат на трендафил за тие што ги носеле да бидат убави како цвеќето, додека во некои краеви се носеле се додека самите не се искинат од носење. Носењето мартинки како симбол на доаѓањето на пролетта во некои балкански држави е мошне популарен обичаj, така што првиот ден од март е воздигнат, речиси, на ниво на национален празник. Во Македонија, пак, овој обичаj како постепено да jа губи своjата популарност, иако постоjат извесни обиди за институционализирано одбележување на првомартовската обредност со носење на мартинки.

Преземања

Објавено

2022-12-14

Како да се цитира

Малинов, З. (2022). МАРТИНКИТЕ КАКО СИМБОЛ НА ДОАЃАЊЕТО НА ПРОЛЕТТА. BALCANOSLAVICA, 109–119. https://doi.org/10.58301/BM1540-44109m

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)