ОБРЕДНОСТА НА ЃУРЃОВДЕН (HIDIRELLEZ) КАКО МОСТ И JАЗ ПОМЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM18471129mКлучни зборови:
Ѓурѓовден/Hidirellez, обреди, култови, св. Георгиј, УНЕСКОАпстракт
Обредноста што го придружува Ѓуѓовден, покраj христиjанскиот култ на св. Ѓорѓи, во себе содржи и многу архаични елементи кои jа слават пролетта. Како ден-меѓник со кој започнува потоплата половина од годината, овој празник е исполнет со разни обредно-магиски дејства кои по принципот на имитативната магија треба да ја пренесат моќта на буjната вегетација врз здравjето и напредокот на луѓето во претстоJната година. Такви се обичаите со берење разни билки, тркалање во зелена трева, кинење на куките со зелени гранчиња, лулане на раззеленето дрво. Ѓурѓовден е мошне важен и за сточарските заедници, со оглед на фактот што токму на овој празник се вртат обичаи со обредно закрмување и замолзување на овците а се коле и jагне, како своевидна жртва. Многуброjните селски слави што се одржуваат на ово] празник и посетата на разни култни места, како и договорите што се склучуваат помеѓу работодавци и работници, само говорат за мошне големото значење на овој празник во традицискиот календар на разните балкански, прибалкански и блискоисточни народи. Заедничките елементи во обредноста поврзана со Ѓурѓовден (Hidirellez) а споменатите народи беше повод да се започне со иницијативата од страна на Турција за заедничка апликација овие обичаи да се наjдат на УНЕСКО-вата репрезентативна листа на нематеријалното културно наследство.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.