ОКОЛУ ПРОБЛЕМОТ НА ДАТИРАЊЕТО НА КАТЕДРАЛНИОТ ХРАМ ВО СЕЛО КРУПИШТЕ - ШТИПСКО

Автори

  • Бранислав Атанасоски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM1037-3974a

Апстракт

Спорните прашања во науката околу датирањето на катедралниот храм со Martyrium од локалитетот Кале, е. Крупиште, со најновите археолошки ископувања направени во 1994 година, се чини во голема мера се решени. Врз основа на анализата направена на самата културна стратиграфија, движните и недвижните археолошки остатоци поткрепени со бројни аналогни примери ги дадоа следниве резултати: Катедралниот храм, кој во досегашната стручна и научна литература беше датиран во периодот од средината на IX до почетокот н а Х век, лежи на темелите од една постара ранохристијанска тробродна базилuка која датира некаде од периодот на првата половина од VI век или нешто пред тоа, а била обновена некаде во втората половина од IX век.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Атанасоски, Б. (2025). ОКОЛУ ПРОБЛЕМОТ НА ДАТИРАЊЕТО НА КАТЕДРАЛНИОТ ХРАМ ВО СЕЛО КРУПИШТЕ - ШТИПСКО. BALCANOSLAVICA, 74–95. https://doi.org/10.58301/BM1037-3974a

Издание

Секција

Прилози