ГРАДЕЖНИ ФАЗИ НА ФОРТИФИКАЦИЈАТА ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ГРАДИШТЕ КАЈ СЕЛОТО ДЕБРЕШТЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM22511-233aКлучни зборови:
анализа, фортификација, градежни фази, одбранбени ѕидови, рана антика, раноримски период, доцна антика, стратиграфија, културни слоеви, движен и недвижен археолошки материјалАпстракт
Овој труд претставува дел од докторската дисертација со наслов „Доцноантичкиот кастел Градиште кај с. Дебреште“, одбранета 2016 година, на Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од страна на авторот на трудот. Досегашните сознанија за оваа крепостна населба се темелат, пред сè, на резултатите од првичните заштитни археолошки ископувања преземени уште во далечната 1964 год., како и од годините што следат. Од 1974 година започнати се систематски археолошки ископувања и истражувања што ќе траат до 1989 год. Во текот на овие години откриен е огромен движен и недвижен археолошки материјал, а истовремено формирана е обемна пишана и илустративна техничка документација. Во оваа прилика ќе се обидеме врз основа на тие истражувања, со многу конкретни аргументи и факти да дадеме одговор на одредени прашања поврзани со најстарите фортификациски остатоци, но и одговори на прашањата поврзани со фортификацијата градена од кршен камен и варов малтер, во досегашната стручна и научна литература дефинирана како доцноантичка.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2022 Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-ShareAlike 4.0 International License.