ПОЛИТИЗАЦИЈА НА ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ТОРБЕШИТЕ ("НАШИНЦИТЕ")

Автори

  • Јелена Светиева

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM0332-3307s

Клучни зборови:

Торбеши, Нашинци, етнички предели, етничка култура, западна и северозападна Македонија, пограничје, македонско-албанска граница, македонско-српска (косовска) граница, исламизација, албанизација, турцизирање, Голо Брдо, Гора, Дебарско, Дебарска Жупа, Долна Река, Горна Река, етничка транзиција, македонски јазик, дримколско-голобрдски говор

Апстракт

Текстот се однесува на исламизираното македонска население во западна и северозападна Македонија и за политизацијата на нивниот етнички идентитет. Се работи за население со македонски говорен јазик и автентична култура , кое живее во неколку етнографски предели на македонско-албанското и косовското пограничје и во некои гранични предели на Албанија и Косово, позната по неколку различни етноними/егзоними , како торбеши, нашинци, курки , уљуфи , итн. Во овој текст паралелно користам два етнонима/егзонима - Торбеши и Нашинци, од две причини:
првиот етноним/егзоним е најшироко распространет, а вториот етноним/егзоним е општо прифатен од самото население на кое се однесува и не подразбира конфесионална определба.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Светиева, Ј. (2025). ПОЛИТИЗАЦИЈА НА ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ТОРБЕШИТЕ ("НАШИНЦИТЕ"). BALCANOSLAVICA, 7–23. https://doi.org/10.58301/BM0332-3307s

Издание

Секција

Прилози