ЕПСКИТЕ ПЕСНИ ЗА КРАЛИ МАРКО - СЕЌАВАЊА ЗА СТАРИТЕ МИТОЛОГИИ
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM200128-2997zКлучни зборови:
King Marko, myths legends, religion, culture, tradition, paganism, archetype, epic cycle, gero, Sarec, time, spaceАпстракт
На Балканскиот Полуостров , под влијание на своевидните историски процеси , многу одамна, меѓу древните култури на Медитеранот се издвоил посебен етно-антрополошки тип, со особена етнокултурна традиција и специфичен митолошки развој, во кој односот кон Космосот и Хаосот, како и кон Световите на боговите, луѓето и подземните суштества биле изразени и успешно прилагодени во постоечките општествени услови. Оттаму, мотивите во преживеаните митски сижеа и наредните легенди изразени во епските песни за Крали Марко , претставувале обид да се одговори на вечните прашања поврзани со нивниот опстанок, но и своевиден начин на гледање и доживување на светот што ги опкружувал луѓето од периодот на развиениот феудализам , во рамките на историското време и просторот во кој живееле. Без разлика во кои реални или иреални простори и времиња тие дејствувале, ликовите од легендите влечат корени од најстарите земјоделски митологии и, според нив, и легендарниот Крали Марко е само прототип на херој од древните култури , чија јуначка борба со непријателските демонски суштества од Долната земја, го доближува до ликовите на древните божества (Индра, Вритра, Ашвините итн.) и до хероите од индоевропскиот и старобалканскиот пантеон. Во овој контекст, особено внимание во текстот ќе се обрне на борбата на Крали Марко со демонските суштества, ослободувањето на Водите и односот спрема Шарец. Овој труд ќе биде обид за споредување на споменативе митскоисториски категории , одразени во епскиот циклус за Крали Марко со формите и сижеата на зачуваните митски матрици во древната балканска поезиЈа.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2001 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.