ЕПСКИТЕ ПЕСНИ ЗА КРАЛИ МАРКО - СЕЌАВАЊА ЗА СТАРИТЕ МИТОЛОГИИ

Автори

  • Соња Зоговиќ

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM200128-2997z

Клучни зборови:

King Marko, myths legends, religion, culture, tradition, paganism, archetype, epic cycle, gero, Sarec, time, space

Апстракт

На Балканскиот Полуостров , под влијание на своевидните историски процеси , многу одамна, меѓу древните култури на Медитеранот се издвоил посебен етно-антрополошки тип, со особена етнокултурна традиција и специфичен митолошки развој, во кој односот кон Космосот и Хаосот, како и кон Световите на боговите, луѓето и подземните суштества биле изразени и успешно прилагодени во постоечките општествени услови. Оттаму, мотивите во преживеаните митски сижеа и наредните легенди изразени во епските песни за Крали Марко , претставувале обид да се одговори на вечните прашања поврзани со нивниот опстанок, но и своевиден начин на гледање и доживување на светот што ги опкружувал луѓето од периодот на развиениот феудализам , во рамките на историското време и просторот во кој живееле. Без разлика во кои реални или иреални простори и времиња тие дејствувале, ликовите од легендите влечат корени од најстарите земјоделски митологии и, според нив, и легендарниот Крали Марко е само прототип на херој од древните култури , чија јуначка борба со непријателските демонски суштества од Долната земја, го доближува до ликовите на древните божества (Индра, Вритра, Ашвините итн.) и до хероите од индоевропскиот и старобалканскиот пантеон. Во овој контекст, особено внимание во текстот ќе се обрне на борбата на Крали Марко со демонските суштества, ослободувањето на Водите и односот спрема Шарец. Овој труд ќе биде обид за споредување на споменативе митскоисториски категории , одразени во епскиот циклус за Крали Марко со формите и сижеата на зачуваните митски матрици во древната балканска поезиЈа.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Зоговиќ, С. (2025). ЕПСКИТЕ ПЕСНИ ЗА КРАЛИ МАРКО - СЕЌАВАЊА ЗА СТАРИТЕ МИТОЛОГИИ. BALCANOSLAVICA, 97–110. https://doi.org/10.58301/BM200128-2997z

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)