ВИЗАНТИСКИ УТВРДУВАЊА ПОМЕЃУ ВАРДАР И СТРУМА (13 - 14 ВЕК):
ПОСЛЕДНИОТ ОДБРАНБЕН ЛИМЕС ПРОТИВ СРПСКАТА ИНВАЗИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM21501-2041cКлучни зборови:
Струмица, Македонија, тврдини, Цареви Кули, Солун, Стефан Душан, Андроник III ПалеологАпстракт
Во крајот на 13 и почетокот на 14 век Србија постепено се наметнувала како најмоќен фактор на Балканот, потиснувајќи ја хегемонската надмоќ на Византија и Бугарија. Продорот на средновековна Србија во Македонија траел неколку децении, со што етапно биле освојувани градовите и значајните тврдини.
Главните воената кампања бил насочен по теченијата на реките Вардар и Струма, во правец кон градот Солун, поради што Византија оргзнизирала систематска одбрана, формирајќи лимес кој воедел по линија на византиско-српската граница од Охрид - Прилеп - Просек - Струмица - Мелник.
Струмица одиграла значајна улога во настаните кои ја одбележале првата половина на XIV век на Балканот, поради добрата утврденост, како и контролата на значајните коридори кои поминувале покрај неа. Струмица ги поврзувала јужните со среднобалканските предели, клучна комуникација помеѓу средните теченија на реките Вардар и Струма.
Средновековната тврдина ,,Цареви Кули“ - Струмица била централна во формирањето на одбранбениот лимес помеѓу Вардар и Струма, додека тврдината Просек (Демир Капија) го бранел правецот кој водел по долината на Вардар, а Мелник по долината на Струма. Поширокиот систем на одбрана, покрај наведените утврдени центри, го сочинувале и неколку тврдини и попатни набљудителни кули.
Ридско - планинските предели во кои лежи овој лимес, овозможувале да се развие суфистициран дефанзивен систем. Природните препреки и изградените фортификациони елементи совршено се вклопувале во одбраната на целиот регион. По успешна офанзива на кралот Стефан Душан, византиско-српската граница во 1334 одина била спуштена јужно од Просек - Струмица – Мелник, со што патот кон Солун бил широко отворен. Значењето на овој лимер е несомнено последната дефанзивна линија до Солун, од нападите кои доаѓаат од северот.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2021 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.