ТРИПТИХ ПОМЕНИК ОД СЛЕПЧЕНСКИОТ МАНАСТИР "СВ. НИКОЛА" ПРИЛЕПСКО
Triptych Commemoration Book from the Sleepec Monastery "St. Nicholas" near Prilep
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM982527jgКлучни зборови:
манастир „Св. Никола“, Слепче, триптих поменик, проскомидия, игуман Сергий, йеромонах Михаил, светски ктитори, селищте, линотопски зографиАпстракт
Предмет на нашето проучување е проскомидискиот триптих со имиња за помен којшто потекнува од слепченскиот манастир ,Св. Никола", Прилепско. Тој се наоѓа во Археолошкиот музеј во Софија и во оваа прилика се публикува за првпат. Поменикот е изработен во 1663-1664 година за време на игуменот Сергиј и ги содржи имињата кои што ги чита свештеникот за време на проскомидијата. Запишани
се имињата на дарители на манастирот од редица села во прилепскиот крај , Крушево Дебар Битола, Костурско , од монасите од слепченскиот манастир "Св. Никола", манастирот Зрзе, манастирот Трескавец и од другиот слепченски манастир " Св. Јован Продром" во Демир
Хисар. Во трудов се излагаат сведоштва за слепченскиот манастир во форма на белешки од маргините на ракописни книги, натписи на иконите, живописот на манастирската црква, коишто потекнуваат од
1663, 1665, 1673, 1674 и 1677 година. Се подвлекува улогата на игуменот Сергиј во подигањето на новата манастирска црква нејзиното осликување и при изработката на храмовиот иконостас. Врз основа на еден натпис во поменикот и стил от на живописот, се смета дека е можно црквата да ја осликале зографи од селото Линотопи Костурско.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 1998 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.