ЕДЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ЦРКВИТЕ И МАНАСТИРИТЕ И НИВНИТЕ ИМОТИ ВО ТИКВЕШКО, РАДОВИШКО И БЕРОВСКО
Клучни зборови:
македонски цркви и манастири, Прва светска војна, Македонија, македонциАпстракт
Во прилогот се презентира изворен материјал - Извештај составен 1916 Година од струмичкиот егзархиски митрополит Герасим (1860-1918). Овоj документ претставува историски извор од прва рака. Тој, содржи податоци за состојбите на дел од македонските цркви и манастири и нивните имоти во тиквешко, радовишко и беровско пред и за време на Првата светска воjна (1914-1918). Во извештаjот на егзархискиот митрополит Герасим се зборува за: манастирот Св. Богородица во с. Конче, манастирот Св.Ѓорги, каj Неготино, Моклишкиот манастир Св. Никола, Полошкиот манастир Св. Георги, Бошавскиот манастир Св. Архангел Михаил и сл. Во него уште се споменуваат лица, настани, описи на македонското духовно, културно и пњиродно богатство како и нивното безобзирно искористувате и злоупотреба од српските, грчките, бугарските, англо-француските и германските воени единици кои за време Балканските воjни (1912/1913) и Првата светска воjна воjувале во Македонија.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2019 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.