A СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОJНИ

Автори

  • Васил Ѓоргиев - Ликин НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM18471223gjl

Клучни зборови:

Никола Херцигоњ, Македонија, светски војни, композитор, Винковци

Апстракт

Во прилогот се проследува содржината на едно писмо (документ-сведоштво) од  хрватскиот композитор Никола Херцигоња испратено до вработените во музичкото училиште “Боро Цони’" во Струмица. Писмото-документ содржи сведоштво за националната асимилација на Македонците и забраната jавно да се употребува името Македонија, Македонци, македонски јазик и сл., грубо спроведувана од ненародниот режим во Кралството Југославија во чиј состав, во периодот меѓу двете светски воjни, влегувала денешна Република Македонија. Овој документ - сведоштво е мошне актуелен и денес, ако се има предвид фактот дека од некои балкански и европски центри на моќ се уште се забранува употребата на имињата: Македонка, Македонци, македонски, македонски јазик и сл. со што директно се загрозуваат основните човекови права на Македонците, пропишани со актите донесени од страна на Организацијата на Обединетите Нации, чијшто основоположник, меѓу другите и е и Македонската држава (како рамноправна членка на Југословенската федерација). На граѓаните на Република Македонија од земjите членки на Европската Унија им се ускратува правото да се декларираат како Македонци со македонска национална свест, jазик, култура и идентитет, а своjата земjа да ја именуваат Македонија - име кое што претставува симбол на македонската културно-историска и цивилизациска меморија.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Ѓоргиев - Ликин, В. (2025). A СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОJНИ. BALCANOSLAVICA, 47(1), 223–241. https://doi.org/10.58301/BM18471223gjl

Издание

Секција

Прилози