THESSALONICA BETWEEN ЕАЅТ AND WEST: HISTORICAL ANALYSIS OF ТHЕ 4th AND 5th CENTURY РЕRIОD
DOI:
https://doi.org/10.58301/BM0332-33101pKeywords:
Солун, Константинопол, Рим, Македонија, Илирик, Римска империја, Максимијан Галериј, Константин I, Теодосиј I, Теодосиј II, Валентинијан III, Инокентиј I, Прв вселенски собор во Никеја, Втор вселенски собор во РимAbstract
Со свикувањето на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година и со префрлањето на седиштето на Римската Империја на Исток, императорот Константин I (306-337 година) го определил новиот политички и елигиски курс во Римската Империја. Тоа неизбежно довело до поделба на компетенциите помеѓу старото и
новото седиште на Империјата - Рим и Константинопол. Различната интерпретација на христијанската догма и тенденцијата на наследниците на Константин I да ја наложат политичката и црковната доминација на поширок географски простор предизвикале остар судир помеѓу источниот и западниот дел од Империјата. Овој судир посебно дошол до израз во градот Солун, кој станал јаболко на раздорот помеѓу Рим и Константинопол. Борбата помеѓу Рим и Константинопол особено добила на интензитет по дефинитивната поделба на Римската Империја во 395 година. Во рамките на оваа борба, папата Инокентиј I во 412 година го промовирал Солун за викаријат на Римската црква. И покрај напорите на источните императори преку Константинополската црква да воспостават, покрај политичка, и црковна доминација на просторот на Илирик, Римската црква, форсирајќи го Солун како
црковен центар на Македонија и на Илирик, успеала да го одржи приматот на овие простори. Во периодот на т.н. "Акациска шизма", во периодот 448-518 година, кога источните и западните цркви ги прекинале своите односи, Солун застанал отворено на страната на Константинопол. Овој пример јасно пока)Кува дека во овој период политичките и црковните односи во голема мера зависеле од политиката на локалните црковни лидери, кои ги преставувале интересите на граѓаните на Солун. Градот Солун несомнено одиграл важна и на моменти пресудна улога во сложениот и турбулентен период на IV и V век, кога се дефинирале новите односи помеѓу Истокот и Западот. Во секој случај, граѓаните на Солун биле тие што ги искусиле сите позитивни и негативни страни од тоа да се биде на крстосницата помеѓу Истокот и Западот.
Downloads
Published
How to Cite
Issue
Section
License
Copyright (c) 2003 PSI Institut For Old Slavic Culture - Prilep

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.