ЈАЈЦЕТО ВО КОСМОГОНИЈАТА, ВЕРУВАЊАТА, КУЛТОТ И МАГИЈАТА
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM200026-2791mКлучни зборови:
јајце, космогонија, митологија, верувања, култ спрема Сонцето, култ спрема мртвите, магија, „космичко христијанство“, Велигден, велигденски јајца, балкански СловениАпстракт
Сознанието дека живите суштества настануваат од јајце дало повод, уште во дамнешните времиња , јајцето да игра голема улога во религијата, култот и магијата, па дури да се верува дека космосот настанува од јајце. Митот за настанокот на космосот од јајце е познат кај многу народи низ целиот свет, како кај Индијанците, Индијците, Кинезите, племињата во Африка, Персијците, Египќаните , Грците и др. Траги од митовите за настанокот на светот од јајце се за чувани и кај балканските Словени во фолклорот, детските песни, залагалките и гатанките. Бидејќи јајцето е извор на животот, тоа е и симбол на животот, па и средство да се влијае врз него. Поради тоа, кај многу стари и денешни народи, вклучувајќи ги и балканските Словени, јајцето игра важна улога во верувањата, култот и магијата, особено во дејностите и обичаите во врска со преминот кон пролетта и летото, со "преродбата" на христијанскиот Бог.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2000 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.