ПРВИ МАРТ – СИМБОЛОТ НА ПРОЛЕТТА И ЗАЕДНИШТВОТО НА БАЛКАНОТ

Автори

  • Ели Луческа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM21501-2099l

Клучни зборови:

Први март, мартинки, нематеријално културно наследство, мека моќ

Апстракт

Културните практики поврзани со Први март (Cultural practices associated to the 1st of March), во 2017 г., на состанокот на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство, кој се одржа на островот Чеџу во Јужна Кореја, се впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото. Предлогот за нивна номинација беше инициран од Романија, а во изработката на кандидатурата учествуваа и Бугарија, Македонија и Молдавија. Тоа знaчи дека станува збор за мултинационална апликација и одличен пример за наднационално заедништво кое ги соединува културните традиции кои егзистираат на Балканот.
Во оваа насока, преку користење на алатката на „мека моќ“ (soft power) инкорпорирана во кохерентните и отпорните структури на романските, молдавските, македонските и бугарските културни практики поврзани со Први март, трудот нуди нов пристап за кој досега не е пишувано во македонската наука. Притоа, мартинката се јавува како основниот интеркултурен фолклорен елемент кој на најдобар можен начин го одразува негувањето на меѓусебните вредности, засновани на цивилизацијата и создавани низ вековите на балканската територија. Во таа насока, мартинката на природен и неинвазивен начин проникнува преку разноразните граници и има интеграциска моќ. Државите, носители на номинацијата се препознаваат себеси како дел од прекуграничните заедници кои коегзистираат на одреден културен простор и споделуваат делови од заедничките антички корени и од заедничката историја. Мартинката, на тој начин, не е само универзална вредност на човештвото која ја стимулира креативноста и го слави единството во различноста, но е и регионален препознатлив бренд што го олеснува меѓусебниот дијалог и ја зајакнува солидарноста меѓу луѓето со различни национални идентитети.

Преземања

Објавено

2023-05-16

Како да се цитира

Луческа, Е. (2023). ПРВИ МАРТ – СИМБОЛОТ НА ПРОЛЕТТА И ЗАЕДНИШТВОТО НА БАЛКАНОТ. BALCANOSLAVICA, 50(1, 2), 99–112. https://doi.org/10.58301/BM21501-2099l

Издание

Секција

Прилози