НЕКОИ ТРАГИ ОД РУДАРСКИ КОМПЛЕКС НА ГРЕБЕНОТ KAJ ЛЕСНОВО ПРЕЛИМИНАРНО ИСТРАЖУВАЊЕ

Автори

  • Смиљка Габелиќ Институт за уметност, Филозофски факултет - Белград

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM20491-2081g

Клучни зборови:

Lesnovo, North Macedonia, early-Byzantine settlement, medieval mine

Апстракт

Во трудот се разгледуваат делови од потесно достапни и археолошки неистражени локалитети на стрмниот гребен од вулканско потекло на неколку километри оддалеченост од манастирот и селото Лесново, кој веројатно представува дел на досега непознат рударски комплекс. Локалитетот се состои од меѓусебно изолирани карпести каменња покриени со клесани интервенции, а приближно во средината на него се наоѓаат остатоци од урната камена црква. Помеѓу 1340/41 и 1381 година, областа на целиот гребен му припаѓала на имотот на блискиот манастир Лесново. Ако црквата (Св. Прокопиј?) била изградена во рамките на истовремена рударска колонија, се претпоставува дека била католичка, како и во другите рударски центри во средновековна Србија, и дека оваа населба најверојатно ја основале Саксонците, рудари со германско потекло. Судејќи според историскиот контекст и одредени извори поврзани со оваа облает, лесновската рударска населба, иницијално можеби настала и порано, а веројатно била неактивна во средината на XIV век, во времето на економскиот пораст на целата оваа област (подоцна, и во османлиско време). Лесново бил под директна управа на моќниот голем војвода и деспот Јован Оливер, веројатниот сопственик на тој рудник и ктитор на познатата црква Архангел Михаил во Лесновскиот манастир, која во тој период се издигна до ниво на епископија.

Посебно внимание се посветува на масивниот камен, камената „конструкција“ со разни вештачки засеци, корита и вдлабнатини, која во еден дел наликува на големо седиште или тронот, во обид да се дешифрира неговата функција во рамките на заедницата на овој рудник.

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Габелиќ, С. (2022). НЕКОИ ТРАГИ ОД РУДАРСКИ КОМПЛЕКС НА ГРЕБЕНОТ KAJ ЛЕСНОВО ПРЕЛИМИНАРНО ИСТРАЖУВАЊЕ. BALCANOSLAVICA, 49(1, 2), 81–93. https://doi.org/10.58301/BM20491-2081g

Издание

Секција

Прилози