МИНАТОТО НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Даворин Трпески УКИМ, ПМФ, Институт за антропологија и етнологија

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM1540-44137t

Клучни зборови:

past, heritage, politics, ritual, Macedonia

Апстракт

Секој артефакт, секој споменик, коj денес е класифициран како своевидно културно наследство располага со одредена меморија и има свое минато. Минатото и историјата на артефактите и спомениците кои се поврзуваат и со одредени значаjни настани што се случиле низ историjата) можат да се следат од првичните записи за нив, кои подоцна, како резултат на истражувањата и на донесените заклучоци, го добиваат статусот „културно наследство“. Токму првичните сознанија за наследството, првите теоретизирања за него и обидите за извлекување на информациите што тоа ги „носи со себе“, а се поврзани со неговата историја, влегуваат во сферите на она што може да се нарече минато на културното наследство. Денес, културното наследство е цел на наjразлични своевидни потфати и претставува вежба за одредена носталгија. Тоа е тажно и безживотно. Со други зборови, културното наследство, безмилосно, од страна на политичките центри на моќ, е вклучувано во ритуалите на „безритуалното“ современо општество.

Преземања

Објавено

2022-12-14

Како да се цитира

Трпески D. (2022). МИНАТОТО НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА. BALCANOSLAVICA, 137–141. https://doi.org/10.58301/BM1540-44137t

Издание

Секција

Прилози