ЧУДОТВОРНОСТА НА МАНАСТИРОТ СВ. МАРЕНА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА С. Л’НГА, НА ПЛАНИНАТА МОКРА НАД ПОДГРАДЕЦ, Р АЛБАНИЈА

Автори

  • Ели Луческа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM18471119l

Клучни зборови:

Св. Марена, Л'нга, Подградец, слава

Апстракт

Култот на св. Марена/Марина (во лат. превод св. Маргарита),_ маченица од антиохиската област Писидида, е широко распространет во целиот христщански свет, потврден со бројни светилишта и ликовни претстави, кој од Исток се шири на Запад во текот на средниот век Црковните и народните преданија споменуваат низа локалитети кои се доведуваат во врска со нејзиното мачеништво и чудата кои ги извршува. Едно такво светилиште е манастирот „Св. Марена“ во непосредна близина на с. Л’нга (алб. Llenge), на планината Мокра над Подградец, Р Албанија. Исклучителната популарност на овој манастир се поврзува со неговата чудотворност која произлегла од чувањето на делови од нејзините мошти, кои денес се исчезнати, од една страна и со чудотворната икона на која е претставена светителката и која денес се чува во Националниот музеј за средновековна уметност во Корча, од друга страна. Почитувањето на манастирската заштитничка, низ заемното дејство на христијанството и фолклорот, создало соодветна култна традиција, остварена како официална (канонска/и неофициална (народна), односно своеобразен културен модел, испочитуван како од православните така и од муслиманските верници со различна етничка припадност: Македонци, Албанци, Власи и Роми како дел од една поголема религиозно-регионална култура.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Луческа, Е. (2025). ЧУДОТВОРНОСТА НА МАНАСТИРОТ СВ. МАРЕНА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА С. Л’НГА, НА ПЛАНИНАТА МОКРА НАД ПОДГРАДЕЦ, Р АЛБАНИЈА. BALCANOSLAVICA, 47(1), 119–127. https://doi.org/10.58301/BM18471119l

Издание

Секција

Прилози