ДАРОВИ ЗА МРТВИТЕ - ДАРОВИ ЗА ЖИВИТЕ*

Автори

  • Љупчо Ристески

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM982572r

Клучни зборови:

дарови, мртви, народна традиција, Македонци, митски претстави, религија

Апстракт

Трудот претставува обид да се анализираат суштинските значења, структурата и функционирањето на актот на царување меѓу заедниците на живите и мртвите членови, врз база на емпприските етнографски и фолклорни материјали од народната традиција на Македонците . Анализата се спроведува, главно на две нивоа: митско-религиско и социјална. Накусо, "раздавањето" или делењето на дарови во посмртниот обреден комплекс може да се сведе на:

- дарување на покојникот:

- испраќање дарови за другите умрени членови (по мртовецот);

- дарување меѓу живите, од името на умрените.

Разгледувањето на дарувањето како особена институција со свои функции и значења што дејствуваат врз вкуnната структура на митскиот свет, открива дека тоа влијае и врз фактичкото функционирање на заедницата, при што , од особено значење се: контекстот на обредното случување, и поважните структурни елемеити на дарувањето (учесниците, nредметите). Во таа смисла, институцијата на царување меѓу живите и мртвите е поставена врз односите на заемност, реципрочност или уште по често на натпреварување со цел магиски да се предизвика благосостојба во заедницата.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Ристески, Љ. (2025). ДАРОВИ ЗА МРТВИТЕ - ДАРОВИ ЗА ЖИВИТЕ*. BALCANOSLAVICA, 25, 72–80. https://doi.org/10.58301/BM982572r

Издание

Секција

Прилози