МИЛЕНИУМСКИОТ ГРАД СКОПЈЕ - ОБИД ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НЕГОВАТА ПОЈАВА, СРЕДНОВЕКОВНА ИСТОРИЈА И УРБАНА СТРУКТУРА - 1

Автори

  • Љубинка Џидрова НУ Археолошки музеј на Македонија - Скопје

Клучни зборови:

Scupi, Skopje, Justiniana Prima, Early Middle Ages, Middle Ages

Апстракт

Сеопфатната презентација на настанувањето, средновековната историја и урбаната структура на Скопје, представува монументален зафат независно од броjните недоречености и секогаш недоволната истраженост на археолошките остатоци. Основниот пристап за утврдуваве на почетоците, е низ терминолошко прочистување на изразните средства за конечно исфрлање на класичниот израз акропола, суштински, културно и функционално неупотреблив во однос на средновековните градови.

На ова место се прави обид и за поjмовно утврдување на Скопје како град, поим што во средниот век обележува утврдување, но и во смисол на city eng. или полеос гр., термин активен во византиската литерарна култура, и користен како описен - титуларен поим при ословувањето на Скопје.

Геоморфолошката и топографска анализа на широката вардарска долина со Скопското поле во кое е сместено Скопје, како наследник на римската колонка, градска населба и рановизантиска метропола Скупи, сугерира дека Скупи и Скопје имаат продолжен живот надоврзувајки се еден на друг, притоа владееjќи со идентична територија, ager. Прилог кон тоа се најновите археолошки остатоци кои во Скупи прикажуваат нов раносредновековен подем со продолжен живот до доцниот 11.-12. век, што се преклопува со активното живеење на Кале во доцниот 9.-10. век, а кој трае се до денес.

Единствениот административен центар кој го овоплотува регионалниот контекст и во услови на рана поjава на моќни локални земjопоседници, дел инсталирани како comites во рамки на византиската административна организација на поширокиот регион во текот на 10. век, дотогаш независни од византискиот политички систем, меѓу кои и склавинијата Верзитија, доаѓа до нивно проjавување како способни конкуренти на неактивниот управувачки апарат на Византија. Од тука најраните сознанија за значењето на Кале се jавуваат со неговото завладување од страна на Цар Самуил. Врз овие темели започнал интензивниот развиток на Скопје, чие утврдување израснува во моќен центар од каде се контролираат комуникациите помеѓу византискиот jyг и среднобалканските територии, каде се создаваат нови елити способни да владеат со своите територии, како онаа на Немавиките, или Бугарските на истокот на полуостровот, како и во Македонија.

Во овие политички услови и под притисок на разни завладувачи се одвиваат историските случувања во текот на 11., 12. и 13. век, до запоседнувањето на Скопје од српскиот крал Милутин во 1282 г. Своjата кулминациjа градот jа доживува со устоличувавето на Стефан Душан на царскиот престол, што носи нови почести за Скопје како Првопрестолна митрополија, аспект кој засега тешко може да се согледа во рамки на урбаната структура на градот. Заради големиот обем на трудот, археолошкиот аспект на градот и неговиот развиток во тек на средниот век ќе бидат посебно представени и продискутирани.

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Џидрова L. (2022). МИЛЕНИУМСКИОТ ГРАД СКОПЈЕ - ОБИД ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НЕГОВАТА ПОЈАВА, СРЕДНОВЕКОВНА ИСТОРИЈА И УРБАНА СТРУКТУРА - 1. BALCANOSLAVICA, 48(1, 2), 73–100. Retrieved from https://balcanoslavica.mk/index.php/balcanoslavica/article/view/38

Издание

Секција

Прилози