СОЦИЈАЛНИТЕ И ЕСТЕТСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ СВАДБЕНИ ПЕСНИ

(Македонско-словенски паралели)

Автори

  • Татјана Жежељ-Каличанин

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM9719-21155zhk

Клучни зборови:

свадбен обред, свадбени песни, обредни песни, социјални елемнти, естетски елементи, синкретизам, иницијација, битова основа, невеста, младоженец, благослови, пожелби, молитви, формула за среќа, трпезарски песни, кралски песни, анимизам, антропоморфизам, метроритмика

Апстракт

За македонскиот народ како и за сите словенски народи, свадбата отсекогаш претставувала важен општествен чин. Таа се состой од три заокружени целини: обичаи предсвадбени, на денот на свадбата и посвадбени. Во целиот тој обреден комплекс доминираат социјални, економски, естетски и секако најатрактивните свадбени песни, со сопствени мотиви, теми, типизирани ликови и сл. Сите тие, заедно со благословите, пожелбите, молитвите, разните формули за среќа и благосостојба на младите, го засилувале обредното дејство.

Според нашите достапни сознанија, општ заклучок е дека во свадбените песни на сите словенски народи и денес може да се идентификува висок степен на комуникација помеѓу трите основни предуслови за нивното опстојуван,е и тоа: паметењето на песните, желбата за нивно исполнување и потребата на социјалната средина на етносот да ги прима.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Жежељ-Каличанин, Т. (2025). СОЦИЈАЛНИТЕ И ЕСТЕТСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ СВАДБЕНИ ПЕСНИ: (Македонско-словенски паралели). BALCANOSLAVICA, 155–165. https://doi.org/10.58301/BM9719-21155zhk

Издание

Секција

Прилози