СЛАВАТА „ГОЛЕМ ПЕТОК“ ВО ВАРОШ, ПРИЛЕП КАКО ЗНАЧАЈНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Автори

  • Ели Луческа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM18472369l

Клучни зборови:

Богородица-Балаклија, Прилеп, Варош, Архангел Михаил, Голем Петок

Апстракт

Во трудот е претставен предлогелаборатот кој предвидува заштита на празнувањето на славата „Голем петок“ во населбата Варош-Прилеп, како значаjно културно нематеријално наследство. Славата претставува своевиден културен идентитет на варошаните и ги има следните посебни карактеристики: 1. Континуитет од приближно 130 години, 2. Единствена слава во чест на Голем петок (Богородица Балаклија - Источен петок) во прилепскиот и во поширокиот регион, 3. Масовна посетеност, 4. Секое домакинство припрема обреден ручек т.н. „лута jаниjа“, 5. На падината под манастирот Св. Архангел Михаил се организира панагур („панаир“), 6. Месноста на којашто се организира самата слава изобилува со голем броj на археолошки локалитети и средновековни цркви и манастири, заштитени со закон како недвижно културно наследство и 1. Длабока традиција на почитувањето и верувањето во лековитоста на светата вода т.н. Извор на животот, под патронство на Пресвета Богородица, во дворот на манастирот Архангел Михаил кој од своjа страна, пак, е заштитен сшоменик на културата на Р. Македонија. Предлогелаборатот за ова културно добро беше изработен од авторот во 2011 г, кога беше и доставен до Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура на Р Македонија, но до денес, од за нас непознати причини, се уште не е прогласено за заштитено нематеријално културно наследство.

Преземања

Објавено

2022-11-15

Како да се цитира

Луческа, Е. (2022). СЛАВАТА „ГОЛЕМ ПЕТОК“ ВО ВАРОШ, ПРИЛЕП КАКО ЗНАЧАЈНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО. BALCANOSLAVICA, 47(2), 369–376. https://doi.org/10.58301/BM18472369l

Издание

Секција

Прилози