A СВЕДОШТВО ОД НИКОЛА ХЕРЦИГОЊА ЗА НАЦИОНАЛНАТА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОJНИ
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM18471223gjlКлучни зборови:
Никола Херцигоњ, Македонија, светски војни, композитор, ВинковциАпстракт
Во прилогот се проследува содржината на едно писмо (документ-сведоштво) од хрватскиот композитор Никола Херцигоња испратено до вработените во музичкото училиште “Боро Цони’" во Струмица. Писмото-документ содржи сведоштво за националната асимилација на Македонците и забраната jавно да се употребува името Македонија, Македонци, македонски јазик и сл., грубо спроведувана од ненародниот режим во Кралството Југославија во чиј состав, во периодот меѓу двете светски воjни, влегувала денешна Република Македонија. Овој документ - сведоштво е мошне актуелен и денес, ако се има предвид фактот дека од некои балкански и европски центри на моќ се уште се забранува употребата на имињата: Македонка, Македонци, македонски, македонски јазик и сл. со што директно се загрозуваат основните човекови права на Македонците, пропишани со актите донесени од страна на Организацијата на Обединетите Нации, чијшто основоположник, меѓу другите и е и Македонската држава (како рамноправна членка на Југословенската федерација). На граѓаните на Република Македонија од земjите членки на Европската Унија им се ускратува правото да се декларираат како Македонци со македонска национална свест, jазик, култура и идентитет, а своjата земjа да ја именуваат Македонија - име кое што претставува симбол на македонската културно-историска и цивилизациска меморија.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.