РАЗВОЈ НА СРЕДНОВЕКОВНИТЕ НАСЕЛБИ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН (XI -XIV ВЕК)

анализа на општествените прилики, континуитет и природен прираст

Автори

  • Душко Цветанов НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM16451-229c

Клучни зборови:

Струмица, средновековни населби, занимања, развој, миграција, демографија

Апстракт

Проучувајќи ги средновековните населби во Струмичкиот регион, како предмет на истражување во овој труд, ќе добиеме податоци за начинот на нивното функционирање, за самата инфраструктура, природниот прираст и развој на самиот регион. Овие елементи ќе овозможат подобро да ги разбереме и анализираме историските извори кои ни се достапни за овој крај и поблиску да се доближиме до средновековниот човек, до неговите потреби, можности и креативни идеи. Археолошките истражувања кои се одвиваа во последниве децении во Струмичкиот регион се, претежно, сведени на некрополи и на сакрални објекти од средновековието, додека за населбинското живеење, речиси, и да немаме некакви позначајни податоци. Од овие причини произлегува и потребата од еден ваков истражувачки труд.

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Цветанов, Д. (2025). РАЗВОЈ НА СРЕДНОВЕКОВНИТЕ НАСЕЛБИ ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН (XI -XIV ВЕК): анализа на општествените прилики, континуитет и природен прираст. BALCANOSLAVICA, 45(1, 2), 29–42. https://doi.org/10.58301/BM16451-229c

Издание

Секција

Прилози