ОСНОВНИ ТЕНДЕНЦИИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РИМСКИТЕ ГРАДОВИ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ

ИСТОРИСКИ И АРХЕОЛОШКИ СОГЛЕДУВАЊА

Автори

  • Христијан Талевски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM22511-211t

Клучни зборови:

римски градови, управа, урбанизам, градежништво, Балкан

Апстракт

Предмет на истражување во овој труд се урбаните центри во римските провинции на Балканскиот Полуостров, во периодот од Принципатот до крајот од 6 в. и почетокот од 7 век. За предметот и проблемите обработени во овој труд е достапна исклучително обемна библиографија. Иако истражувачките активности треба да се насочени кон одговарање на конкретни прашања, во строго дефинирани хронолошки рамки и во конкретни микрорегионални рамки, сепак, во фокусот на ова истражување е идентификување на потенцијалните основни тенденции во контекст на промените во уредувањето констатирани во населбите со урбан карактер. Но, и идентификување на промени во нивното управување и евалуација на степенот на самоодржливост и моќ самостојно да делуваат. Целта на истражувањето не е да се дадат конкретни одговори, туку да се /детектира?распознае?/идентификува поширокиот контекст во рамки на кој егзистирале Lychnidus, Heraclea Lyncestis, Stobi, Scupi, Bargala и локалитетот Големо Градиште кај с. Коњух (Tranupara?) и истите тие да се третираат како составен дел на тој контекст преку идентификување на различни, слични или идентични манифестации во нив. На ова место не треба да се очекуваат детални согледувања, туку генерален преглед на резултатите од досегашните истражувања во пошироки рамки. Во првиот дел се третирани раноримските градови, нивната управа, начинот на функционирање и одржување. Во вториот дел, фокусот е кон процесите констатирани во доцноримските градови. Тие ќе бидат предадени по региони, притоа следејќи ја хронологијата на манифестациите, а соодветен осврт ќе биде направен и врз факторите на влијание врз обемот и квалитетот на градежните остварувања.

Преземања

Објавено

2025-01-31

Како да се цитира

Талевски, Х. (2025). ОСНОВНИ ТЕНДЕНЦИИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РИМСКИТЕ ГРАДОВИ НА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ: ИСТОРИСКИ И АРХЕОЛОШКИ СОГЛЕДУВАЊА. BALCANOSLAVICA, 51(1, 2), 11–32. https://doi.org/10.58301/BM22511-211t

Издание

Секција

Прилози