АНГАЖИРАНАТА АРХЕОЛОГИЈА КАКО ПСЕВДОАРХЕОЛОГИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM16451-2135tКлучни зборови:
сензација, ангажираност, пропаганда, манипулација, псевдоархеологијаАпстракт
Во археолошките кругови коишто негуваат сензационалистички и популистички пристап, проследен со искажување на неаргументирани
заклучоци при објавувањето на резултатите од истражувањата, се забележува тенденција за доближување до псевдоархеолошките принципи на
интерпретација. Со цел, обезбедување на континуирана финансиска поддршка и задоволување на јавниот интерес, археолошкото културно наследство се
комерцијализира и трансформира во инструмент за лично, колективно, научно интелектуално и финансиско профитирање. Преку сензационалистички изјави и активности, каде приоритет е ангажирано исполнување на првично поставената цел за докажување на претходно зададен заклучок или резултат, се губи етимолошкото значење на името на самата наука археологија и се оправдува идентификацијата на активностите како псевдоархеологија. Научниот пристап подразбира поставување на истражувачки проблем и хипотеза/и, со коишто се тврди постоење на одреден однос или зависност помеѓу предметот на истражување и факторите на влијаење врз него. Притоа, користејќи се со археолошките податоци, добиени преку постигнатите резултати во процесот на истражувањето, хипотезите се тестираат, т.е. се испитува степенот на нивната веродостојност. Затоа, конструкцијата „ангажирана археологија“ е оксиморон (конкретно, терминот „ангажирана“ со суфиксот – „логија“, старогрчки λόγος, според Хераклит - принцип на ред и знаење) и следствено не може да се прифати како пракса. Псевдоархеологијата е интелектуално навредлива, штетна, срамна и e една од најголемите
предизвици на современите археолози.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 ЈНУ Институт за старословенска култура -Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.