МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ, ДЕЛ ОД КУЛТУРНО-ИСТОРИСКАТА И БИОГЕОГРАФСКА ЦЕЛИНА “МАРКОВИ КУЛИ“, КАКО ЗНАЧАЕН СРЕДНОВЕКОВЕН, КНИЖЕВНО - ПРОСВЕТЕН ЦЕНТАР
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM18472287kКлучни зборови:
манастир Трескавец, средновековие, монашко збиралиште, културно-историски центар, ракописни книгиАпстракт
Манастирот Трескавец со црквата „Успение Богородичино“, Посветени на култот кон Пресвета Богородица, се наоѓа недалеку од Прилеп (10 км), во Подножjето на Златоврв, наjвисокиот планински врв во Пелагониската Област. Во периодот на средновековието (Посебно XIV век), претставувал едно од наjугледнитемонатки збиралишта со долга препишувачка традиција, богата библиотека, скрипториум и ќелијно училиште, што го етикетира него како наjзначаен книжевен и културно историски центар, не само во Прилеп и Пелагониско туку и пошироко на Балканот. Воедно, и високиот третман што го имал овоj манастир, како од духовен така и од економски аспект од тогашните водечки структури, го направиле да биде привлечно престојувалиште на талентирани книжевници, препишувачи, библиотекари, на монаси и поклоници од сите краишта на Балканот. Сето ова дало Плодна Подлога за реализација на раскошна ракописно-пишувачка, препишувачка или преведувачка продукција, скоро од сите религиознокнижевни, па и световни жанрови: евангелија, минеи, требници, пролози, молитвеници, обемни зборници, житијна литература, слова, химнографии итн.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.