ИМИТАЦИЈА СО МОТИВИ НА ЗАВЕСИ КАКО ОРНАМЕНТАЛЕН МОТИВ ВО ПРОСТОРОТ НА ЦОКЛЕТО ВО СПОМЕНИЦИТЕ НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ОД ПОСТВИЗАНТИСКИОТ ПЕРИОД ВО ПЕЛАГОНИСКАТА ЕПАРХИЈА

Автори

  • Атанас Атанасоски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM21501-2075a

Клучни зборови:

орнаменти, фрескоживопис, имитација на завеси, цокле, поствизантиски период

Апстракт

Во трудот се прави обид за презентирање и проучување на имитацијата на завеси како орнаментална декорација во просторот на цоклето во спомениците на фрескоживописот од поствизантискиот период во Пелагониската епархија. Најраниот фрескоживопис во просторот на цоклето, потекнува уште во времето пред новата ера во голем број на споменици од античкото време, но и во храмовите подигнати во првите векови на христијанството. Во храмовите во средниот и доцниот среден век, посебно внимание се посветувало на репертоарот на приземниот појас, најчесто декориран со орнаментика. Завесите во византискиот период претставувале реткост и најчесто се сликале во апсидалната конха и страните од Чесната трпеза, а во посвизантискиот период, имитацијата на завеси станала честа појава и претставувалa неизоставен орнаментален мотив во просторот на цоклето.

Преземања

Објавено

2023-05-16

Како да се цитира

Атанасоски, А. (2023). ИМИТАЦИЈА СО МОТИВИ НА ЗАВЕСИ КАКО ОРНАМЕНТАЛЕН МОТИВ ВО ПРОСТОРОТ НА ЦОКЛЕТО ВО СПОМЕНИЦИТЕ НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ОД ПОСТВИЗАНТИСКИОТ ПЕРИОД ВО ПЕЛАГОНИСКАТА ЕПАРХИЈА. BALCANOSLAVICA, 50(1, 2), 75–84. https://doi.org/10.58301/BM21501-2075a

Издание

Секција

Прилози

Најчитани трудови од истиот автор(и)