АНГАЖИРАНАТА АРХЕОЛОГИЈА КАКО ПСЕВДОАРХЕОЛОГИЈА

Автори

  • Христијан Талевски ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп

ДОИ:

https://doi.org/10.58301/BM16451-2135t

Клучни зборови:

сензација, ангажираност, пропаганда, манипулација, псевдоархеологија

Апстракт

Во археолошките кругови коишто негуваат сензационалистички и популистички пристап, проследен со искажување на неаргументирани
заклучоци при објавувањето на резултатите од истражувањата, се забележува тенденција за доближување до псевдоархеолошките принципи на
интерпретација. Со цел, обезбедување на континуирана финансиска поддршка и задоволување на јавниот интерес, археолошкото културно наследство се
комерцијализира и трансформира во инструмент за лично, колективно, научно интелектуално и финансиско профитирање. Преку сензационалистички изјави и активности, каде приоритет е ангажирано исполнување на првично поставената цел за докажување на претходно зададен заклучок или резултат, се губи етимолошкото значење на името на самата наука археологија и се оправдува идентификацијата на активностите како псевдоархеологија. Научниот пристап подразбира поставување на истражувачки проблем и хипотеза/и, со коишто се тврди постоење на одреден однос или зависност помеѓу предметот на истражување и факторите на влијаење врз него. Притоа, користејќи се со археолошките податоци, добиени преку постигнатите резултати во процесот на истражувањето, хипотезите се тестираат, т.е. се испитува степенот на нивната веродостојност. Затоа, конструкцијата „ангажирана археологија“ е оксиморон (конкретно, терминот „ангажирана“ со суфиксот – „логија“, старогрчки λόγος, според Хераклит - принцип на ред и знаење) и следствено не може да се прифати како пракса. Псевдоархеологијата е интелектуално навредлива, штетна, срамна и e една од најголемите
предизвици на современите археолози. 

Преземања

Објавено

2025-01-30

Како да се цитира

Талевски, Х. (2025). АНГАЖИРАНАТА АРХЕОЛОГИЈА КАКО ПСЕВДОАРХЕОЛОГИЈА. BALCANOSLAVICA, 45(1, 2), 135–146. https://doi.org/10.58301/BM16451-2135t

Издание

Секција

Прилози