СОГЛЕДБИ ЗА АДАПТАЦИЈАТА НА ГРЧКИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ ТЕРМИНИ СО КОИ СЕ ОЗНАЧУВА ПОИМОТ ТРПЕНИЕ ВО ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИТЕ ТЕКСТОВИ
ДОИ:
https://doi.org/10.58301/BM22511-275chaКлучни зборови:
христијански термини, семантичка промена, семантичка реализација, преводни еквиваленти, трпениеАпстракт
Поттик за ова наше соопштение беше пред сѐ разгледувањето на семантичкиот развој на еден одреден број лексеми во грчкиот јазик кои го означуваат поимот трпение во христијанското учење, при што се наметна и љубопитноста да го согледаме и начинот на кој во некои македонски црковнословенски ракописи се предадени испитуваните грчки термини кои го означуваат концептот за трпението во христијанството. Поконкретно, во текстот се осврнуваме на грчките преводни модели лесемите μακροθυμία – „долготрпение“, ὑπομονή – „трпеливост, истрајност, издржливост“, ἀνοχή – „толерирање, поднесување, воздржливост“ и на сложената придавка ἀνεξίκακος - „кој (може да) поднесува зло или неправди“. Со цел да посочиме на сведоштвата со кои се потврдуваат семантичките поместувања како во грчкиот, така и во македонскиот, напати се повикуваме и на значењето кои овие термини го имаат и денес во современите јазици.
Преземања
Објавено
Како да се цитира
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2022 Институт за старословенска култура - Прилеп

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-ShareAlike 4.0 International License.