ПРОУЧУВАЊЕТО НА НАСЕЛБИТЕ И ТРЕТМАНОТ НА АРХЕОЛОШКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

приод, истражување, заштита и публикување

Authors

  • Hristijan Talevski PSI Institute For Old Slavic Culture - Prilep

DOI:

https://doi.org/10.58301/BM1540-44185t

Keywords:

археологија, проблеми, решенија, унифицирање, модели

Abstract

Остварувањето на целите на едно теренско археолошко истражување зависи од методолошкиот пристап и од применетата стратегија. Тие секогаш се тесно порврзани со карактерот, хронологијата и состоjбата на локалитетот кој што се истражува. Сепак, заради комплексноста на проблемите со чиешто решавање се занимава археологијата, многу е тешко да се издвои посебен третман (приод, метод, теорија, начин на публикување и промоција), специфичен само за населбите од еден конкретен период во минатото. Конкретен модел уште потешко може да се аплицира на широк географски простор. Иако методологијата на научноистражувачката рабоша и на теренските археолошки истражувања се релативно унифицирани и општоприфатени, сеиак, одговорот на прашањето каков модел ќе се примени зависи, пред се, од карактерот на самиот локалитет, од капацитетот на самиот истражувач и од археолошката школа на којашто и припаѓа раководителот на истражувањето. Затоа, на ова место ќе бидат елаборирани размислувања околу суштинските аспекти и пристапи во проучувањето на населбинските слоеви и обработката и публикувањето на резултатите од истражувањата во РеПублика Македонија. Дополнителна цел ќе биде презентацијата на идеи и насоки во прилог на решавање на моменталните проблеми со кои се соочува македонската археологија. Тие подеднакво можат да се применат и врз истражувањата на локалитети со поинаков карактер и со различни временски рамки на егзитенција.

Published

2022-12-14

How to Cite

Talevski Х. (2022). ПРОУЧУВАЊЕТО НА НАСЕЛБИТЕ И ТРЕТМАНОТ НА АРХЕОЛОШКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА : приод, истражување, заштита и публикување. BALCANOSLAVICA, 185–195. https://doi.org/10.58301/BM1540-44185t

Issue

Section

Articles